2 Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е.
3 И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е и Тој чист.
4 Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие.
5 И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.
6 Секој кој останува во Него, не греши; секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.
7 Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен.
8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.