4 Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие.
5 И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.
6 Секој кој останува во Него, не греши; секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.
7 Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен.
8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.
9 Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога.
10 По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.