1 Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот,
2 Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого ги создаде и вековите.
3 Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие, Кој носи сè со Своето силно Слово, Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините,
4 и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив.
5 Зашто, кому од ангелите некогаш му рекол: „Ти си Мој Син; Јас Те родив денес” и пак: „Јас ќе Му бидам Татко и Тој ќе ми биде Син?”