6 И пак, кога Го воведе Првородениот во светот, вели: „И да Му се поклонат сите Божји ангели!
7 А за ангелите вели: „Кој Своите ангели ги прави ветрови и Своите слуги огнен пламен.”
8 А за Синот вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови и жезол на правдата е жезолот на Твоето Царство.
9 Ја возљуби правдата, а го замрази беззаконието, затоа, о Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста, повеќе од Твоите соучесници”,
10 и: „Ти, Господи во почеток ја основа земјата, и небесата се дело на Твоите раце.
11 Таа ќе помине, а Ти остануваш. И сета ќе остари како облека,
12 и ќе ги свиткаш како наметка, и тие ќе се изменат. А Ти си секогаш ист и Твоите години нема да се свршат.”