8 А за Синот вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови и жезол на правдата е жезолот на Твоето Царство.
9 Ја возљуби правдата, а го замрази беззаконието, затоа, о Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста, повеќе од Твоите соучесници”,
10 и: „Ти, Господи во почеток ја основа земјата, и небесата се дело на Твоите раце.
11 Таа ќе помине, а Ти остануваш. И сета ќе остари како облека,
12 и ќе ги свиткаш како наметка, и тие ќе се изменат. А Ти си секогаш ист и Твоите години нема да се свршат.”
13 А кому од ангелите некогаш му рекол: „Седни Ми оддесно додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе?”
14 Не се ли тие сите службени духови, испратени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението?