1 Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат.
2 Инаку би престанале да ги принесуваат, зашто не би биле свесни за гревови оние кои служејќи така, еднаш се очистени.
3 Но тие секоја година напомнуваат на гревовите
4 зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите.
5 Затоа, влегувајќи во светот вели: „Жртви и приноси Ти не посака, но ми приготви тело.