18 А каде има проштавање за нив, таму нема веќе приноси за грев.
19 И така, браќа, кога имаме смелост да влегуваме во Светината преку крвта на Исуса,
20 Кој ни го отвори новиот и живиот пат низ завесата, односно Неговото тело,
21 и откако Го имаме Врховниот Свештеник над Божјиот дом,
22 да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено во чиста вода.
23 Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил
24 и да внимаваме на тоа да се поттикнуваме еден со друг кон љубов и добри дела!