Евреите 10:24-30 MKB

24 и да внимаваме на тоа да се поттикнуваме еден со друг кон љубов и добри дела!

25 Да не ги напуштаме своите собранија, како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден друг, и тоа дотолку повеќе, доколку гледате дека наближува Денот!

26 Зашто, ако грешиме самоволно откако го примивме полното познание на вистината, не останува веќе жртва за гревовите,

27 туку само страшно очекување на судот и ревност на огнот, што ќе ги проголта противниците.

28 Кога некој го презре Мојсеевиот закон умира без милост, во присуство на двајца или тројца сведоци.

29 Колку полоша казна, мислите, ќе заслужи оној, кој Го подгазил Божјиот Син и ја смета нечиста крвта на заветот, со која бил осветен, и Го навредил Духот на благодатта?

30 Зашто ние Го знаеме Оној Кој рече: „Одмаздата е Моја, Јас ќе вратам!” И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.”