27 туку само страшно очекување на судот и ревност на огнот, што ќе ги проголта противниците.
28 Кога некој го презре Мојсеевиот закон умира без милост, во присуство на двајца или тројца сведоци.
29 Колку полоша казна, мислите, ќе заслужи оној, кој Го подгазил Божјиот Син и ја смета нечиста крвта на заветот, со која бил осветен, и Го навредил Духот на благодатта?
30 Зашто ние Го знаеме Оној Кој рече: „Одмаздата е Моја, Јас ќе вратам!” И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.”
31 Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог.
32 Спомнувајте си за поранешните денови, кога просветени претрпевте голема борба на страдања,
33 со тоа што бевте од една страна изложени јавно на хулења и неволји, а од друга страна станавте соучесници на оние кои страдат така.