34 Зашто страдавте заедно и со оние кои беа во окови и со радост го примивте разграбувањето на својот имот, знаејќи дека имате подобар и траен имот.
35 И така, не отфрлајте ја вашата доверба, која има голема награда.
36 Имено, вам ви е потребно трпение, за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето.
37 Зашто: уште малку, мошне малку, и Оној Кој доаѓа ќе дојде, и нема да се забави.
38 А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него.”
39 А ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата.