8 Додека погоре вели: „Ни жртви, ни приноси, ни паленици, ни жртви за грев не посака; ниту Ти беа угодни” - тие се принесуваат според Законот,
9 потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.” Така го отстранува првото, за да го воспостави второто.
10 Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш.
11 И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи принесувајќи ги многупати истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите.
12 Но Тој принесе само една жртва за гревовите, и засекогаш седна оддесно на Бога,
13 и чека натаму додека Неговите непријатели бидат поставени за подножје на Неговите нозе.
14 Зашто Тој со едно принесување ги направи совршени засекогаш оние, кои се осветуваа.