16 да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство.
17 Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.
18 Зашто, вие не пристапивте до гората, што може да се опипа и што е пламната во оган; ни до темнината, ни до мракот, ни до виорот,
19 ни до трубниот глас, ни до гласот на зборовите, за кои слушателите молеа да не им се зборува веќе,
20 зашто не можеа да ја поднесат заповедта: „Ако и животно се допре до гората, нека биде каменувано.”
21 А глетката беше толку страшна, така што и Мојсеј рече: „Исплашен сум и треперам.”
22 Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели,