Евреите 12:21-27 MKB

21 А глетката беше толку страшна, така што и Мојсеј рече: „Исплашен сум и треперам.”

22 Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели,

23 до свечениот соборот и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога - Судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници;

24 до Исуса, посредникот на Новиот Завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.

25 Гледајте да не Го одбиете Оној Кој зборува! Зашто, ако не избегаа оние, кои Го одбија Оној Кој предупредуваше на земјата; уште помалку ќе избегаме ние, ако се отстраниме од Оној Кој зборува од небесата!

26 Неговиот глас ја потресе тогаш земјата, а сега ветува, велејќи: „ Јас ќе ги потресам уште еднаш не само земјата туку и небото.”

27 А тоа „уште еднаш„ укажува на измена на она што може да се потресе како создадено, за да остане она што не може да се потресе.