26 Неговиот глас ја потресе тогаш земјата, а сега ветува, велејќи: „ Јас ќе ги потресам уште еднаш не само земјата туку и небото.”
27 А тоа „уште еднаш„ укажува на измена на она што може да се потресе како создадено, за да остане она што не може да се потресе.
28 Затоа, примајќи го Непоколебливото Царство, да бидеме благодарни со што Му служиме благоугодно на Бога, со страв и со почитување.
29 Зашто, нашиот Бог е оган, што проголтува.