Евреите 12:5-11 MKB

5 и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува,

6 зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.”

7 Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува?

8 А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови.

9 Освен тоа, нашите телесни татковци нè казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме?

10 Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.

11 Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.