Евреите 12:9-15 MKB

9 Освен тоа, нашите телесни татковци нè казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме?

10 Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.

11 Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа.

12 Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена,

13 и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели.

14 Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа,

15 внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен” и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина;