10 Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сè и преку Кого е сè, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение.
11 Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа
12 кога вели: „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието,”
13 и пак: „Јас ќе се надевам на Него,” и пак: „Еве јас и моите деца, кои ми ги даде Бог.”
14 Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот,
15 и да ги избави оние, кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство.
16 Зашто навистина, Тој не им даде помош на ангелите, туку дава помош на Аврамовото семе.