Евреите 2:2-8 MKB

2 зашто, ако словото изговорено преку ангелите се покажа цврсто; и ако секој престап и секоја непослушност примила праведна отплата,

3 како ќе и избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение, кое почна со Господовото проповедање, а кое е потврдено на нас од оние, кои го чуле,

4 откако Бог го посведочи со знаци, и со чуда, и со разни сили, и со раздавање на Светиот Дух според Својата волја.

5 Зашто не им го покори на ангелите идниот свет, за кого што зборуваме;

6 но некој некаде посведочи и рече: „Што е човекот, та да го спомнуваш; или човечкиот син, та да го посетуваш?

7 Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце;

8 сè си потчинил под неговите нозе.”А кога му покори сè, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сè.