Евреите 2:7-13 MKB

7 Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце;

8 сè си потчинил под неговите нозе.”А кога му покори сè, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сè.

9 Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите” - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.

10 Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сè и преку Кого е сè, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение.

11 Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа

12 кога вели: „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието,”

13 и пак: „Јас ќе се надевам на Него,” и пак: „Еве јас и моите деца, кои ми ги даде Бог.”