14 Зашто, ние станавме Христови соучесници, само ако почетната увереност ја запазиме цврсто до крај.
15 Кога се вели: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето.”
16 Имено, кои се тие кои, откако чуја Го огорчија? Зар не сите кои излегоа од Египет преку Мојсеја?
17 А на кои беше гневен четириесет години? Зар не на оние кои згрешија и чии трупови паднаа во пустината?
18 А на кои им се заколна дека нема да влезат во Неговата починка, ако не на оние кои беа непокорни?
19 И гледаме дека не можеа да влезат поради неверието.