7 Затоа како што вели Светиот Дух: „Денес ако го чуете Неговиот глас,
8 не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината,
9 каде вашите татковци се обидоа да Ме искушуваат, и ги видоа Моите дела четириесет години.
10 Затоа се расрдив на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта;
11 така што се заколнав во Својот гнев: нема да влезат во Мојата починка.”
12 Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има лукаво срце, што не верува, та да замине од живиот Бог;
13 туку бодрете се еден друг секој ден, додека се вели „денес”, да не би некој од вас да отрпне од измамата на гревот.