Евреите 4:1-7 MKB

1 И така, да страхуваме да не е изостанал некој од вас, додека е уште оставено ветувањето за влегувањето во Неговата починка.

2 Зашто и ние ја чувме Радосната Вест како и тие; но немаа полза од словото што го чуја, зашто не беше придружено со вера, кај оние кои го беа чуле.

3 Имено, во починката влегуваме ние, кои поверувавме, како што рекол: „Така се заколнав во Мојот гнев и нема да влезат во Мојата починка”, иако делата беа свршени уште при основањето на светот.

4 Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела.”

5 И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.”

6 И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност;

7 пак определува некој ден, „денес”, кога по толку време зборува преку Давида, како што е речено порано: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца.”