2 Зашто и ние ја чувме Радосната Вест како и тие; но немаа полза од словото што го чуја, зашто не беше придружено со вера, кај оние кои го беа чуле.
3 Имено, во починката влегуваме ние, кои поверувавме, како што рекол: „Така се заколнав во Мојот гнев и нема да влезат во Мојата починка”, иако делата беа свршени уште при основањето на светот.
4 Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела.”
5 И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.”
6 И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност;
7 пак определува некој ден, „денес”, кога по толку време зборува преку Давида, како што е речено порано: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца.”
8 Зашто, ако Исус Навинов можеше да ги доведе во починка, не би зборувал после тоа за друг ден.