8 Зашто, ако Исус Навинов можеше да ги доведе во починка, не би зборувал после тоа за друг ден.
9 Значи, на Божјиот народ му остана починката.
10 Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите.
11 И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност!
12 Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето,
13 и нема создание кое е невидливо пред Него; туку сè е голо и откриено пред очите на Оној, пред Кого ние ќе дадеме сметка.
14 И така, бидејќи имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата - Исуса, Божјиот Син, да се држиме цврсто за исповедувањето!