1 Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите,
2 како оној кој може да биде благ кон оние кои не знаат и се заблудени, зашто и самиот е со слабост.
3 И заради тоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси.
4 И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона.
5 Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,”