10 наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков.
11 За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање.
12 Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна.
13 Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец.
14 А тврдата храна е за полнолетните, кои преку навика, ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло.