5 Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,”
6 како што Тој и на друго место вели: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.”
7 Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста.
8 Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе
9 и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение,
10 наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков.
11 За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање.