1 Затоа да ја оставиме почетната наука за Христа и да се обрнеме кон полна зрелост, не поставувајќи пак основа за покајание од мртвите дела и верата во Бога;
2 учењето за крштавањата, за полагање на раце, за воскресението на мртви и за вечниот суд.
3 И тоа ќе го направиме ако дозволи Бог.
4 Зашто е невозможно оние кои еднаш се просветени и кои го вкусиле небесниот дар, станувајќи учесници на Светиот Дух
5 и кои ги вкусиле: доброто Божјо слово и силите на идниот век,
6 а сепак отпаднале - пак повторно да бидат обновени за покајание, зашто тие повторно Го распнуваат за себеси Божјиот Син и Го срамат отворено.
7 Зашто земјата која го впива дождот, што често паѓа на неа, и која им раѓа полезни растенија на оние за кои и се обработува, добива благослов од Бога;