11 Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно,
12 и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.
13 Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.”
15 И така, Аврам трпејќи го доби ветеното.
16 Имено, луѓето се колнат во она што е поголемо, и секоја нивна препирка свршува со заколнување за потврдување.
17 Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва,