13 Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.”
15 И така, Аврам трпејќи го доби ветеното.
16 Имено, луѓето се колнат во она што е поголемо, и секоја нивна препирка свршува со заколнување за потврдување.
17 Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва,
18 така што преку тие две непроменливи работи, во кои Бог не може да измами, да имаме цврст поттик, ние кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта што е поставена пред нас.
19 Неа ја имаме како безбедна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата,