7 Зашто земјата која го впива дождот, што често паѓа на неа, и која им раѓа полезни растенија на оние за кои и се обработува, добива благослов од Бога;
8 но ако раѓа трње и боцки, не чини и е близу до проклетството; нејзиниот крај е во горењето.
9 А за вас, возљубени наши, иако зборуваме вака, сме уверени за подоброто кое го придружува спасението.
10 Зашто Бог не е неправеден па да ги заборавил вашето дело и љубовта, што ја покажавте кон Неговото име, откако им послуживте и им служите на светите.
11 Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно,
12 и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.
13 Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,