9 А за вас, возљубени наши, иако зборуваме вака, сме уверени за подоброто кое го придружува спасението.
10 Зашто Бог не е неправеден па да ги заборавил вашето дело и љубовта, што ја покажавте кон Неговото име, откако им послуживте и им служите на светите.
11 Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно,
12 и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.
13 Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.”
15 И така, Аврам трпејќи го доби ветеното.