10 зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
11 И ниеден веќе нема да го поучува својот ближен и ниеден својот брат, велејќи: „Познај Го Господа, зашто ќе Ме познаваат сите од малиот до големиот меѓу нив,
12 зашто ќе бидам милостив кон нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!”
13 А кога вели „Нов”, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.