7 Зашто, ако оној првиот завет беше без недостаток, не ќе се бараше место за вториот.
8 Зашто укорувајќи ги, им вели: „Еве, идат денови вели Господ, и ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом;
9 не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, - вели Господ.
10 зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
11 И ниеден веќе нема да го поучува својот ближен и ниеден својот брат, велејќи: „Познај Го Господа, зашто ќе Ме познаваат сите од малиот до големиот меѓу нив,
12 зашто ќе бидам милостив кон нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!”
13 А кога вели „Нов”, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.