1 Кога царот Давид остаре и напредна во годините; иако го покриваа со многу покривачи, не можеше да се згрее.
2 Тогаш неговите слуги му рекоа: „Треба да се побара за господарот млада девојка, која ќе стои при царот и ќе му служи: кога ќе спие на неговото крило, тоа ќе го стопли господарот.”
3 И така побараа убава девојка низ сета Израелска Земја; и ја најдоа Сунамката Ависага, та му ја доведоа на царот.
4 Девојката беше вонредно убава; го негуваше царот и му служеше, ама тој не ја позна.