1 Цареви 1:13-19 MKB

13 Ајде, оди кај цар Давида и речи му: ‘Зар ти, господару мој цару, не и се заколна на својата слугинка, велејќи: „Твојот син Соломон ќе царува по мене, и тој ќе седи на мојот престол!” Како сега Адониј стана цар?’

14 И додека ти бидеш таму и разговараш со царот, ќе дојдам јас по тебе и ќе ги потврдам твоите зборови.”

15 Витсавеа отиде кај царот во собите - а тој беше многу стар, и Сунамката Ависага му служеше.

16 Витсавеа му се поклони и падна ничкум пред царот, а царот праша: „Што сакаш?”

17 Таа му одговори: „Господару, ти и се заколна на својата слугинка во Господа, својот Бог: ‘Твојот син Соломон ќе царува по мене, тој ќе седне на мојот престол.’

18 А еве, сега, Адониј стана цар, а ти цару, господару мој, ништо за тоа и не знаеш!

19 Тој закла многу волови, згоени телиња и овци за жртва и ги повика сите царски синови, свештеникот Авијатар и војсководачот Јоав, но твојот слуга Соломон не го повика.