1 Цареви 1:27-33 MKB

27 Зар тоа се случи по волјата на мојот господар цар, а да не го извести својот верен слуга кој ќе биде наследник на престолот на мојот господар цар по него?”

28 Тогаш Давид проговори и рече: „Повикајте ми ја Витсавеа!” Таа дојде кај царот и истапи пред него.

29 Тогаш царот и се заколна: „Така ми живиот Господ Кој ме избави од сите неволји!

30 Денес ќе ти исполнам како што ти се заколнав во Господа, Израелевиот Бог: ‘Твојот син Соломон ќе царува по мене’, тој ќе седи на мојот престол!”

31 Тогаш Витсавеа се наведна со лицето до земја, се поклони пред царот и рече: „Вечно нека живее мојот господар цар Давид!”

32 А Давид рече: „Повикајте ми ги свештеникот Садок, пророкот Натан, и Венаја, синот Јодаев.” И Тие дојдоа цред царот,

33 а тој им рече: „Земете ги со вас слугите на својот господар, качете го мојот син Соломон на мојата мазга и одведете го до Гион.