1 Цареви 1:4-10 MKB

4 Девојката беше вонредно убава; го негуваше царот и му служеше, ама тој не ја позна.

5 Тогаш Адониј, синот Агитин, се возгордеа и помисли: „Јас ќе бидам цар!” Затоа си набави кола и коњаници и педесет луѓе кои одеа пред него.

6 Неговиот татко никогаш во својот живот не го укори ниту го праша некогаш: „Зошто правиш така?” Освен тоа беше со висок раст и убав, а мајката го роди по Авесалома.

7 Тој се договараше со Јоава, синот Серуин, и со свештеникот Авијатар, па двајцата му се приклучија на Адониј.

8 Ама свештеникот Садок и Јодаевиот син Венаја, пророкот Натан, и Симеј и Реј, и Давидовите јунаци, не му пристапија на Адониј.

9 Еднаш Адониј закла овци, волови и згоени телиња за жртва кај Зоелетскиот Камен, близу изворот Рогил, та ги повика сите свои браќа, царевите синови, и сите Јудејци во царева служба;

10 но не го повика пророкот Натан, ни другите јунаци, а ни својот брат Соломон.