1 Цареви 1:9-15 MKB

9 Еднаш Адониј закла овци, волови и згоени телиња за жртва кај Зоелетскиот Камен, близу изворот Рогил, та ги повика сите свои браќа, царевите синови, и сите Јудејци во царева служба;

10 но не го повика пророкот Натан, ни другите јунаци, а ни својот брат Соломон.

11 Тогаш Натан и рече на Витсавеа, на Соломоновата мајка: „Зар не чу дека Адониј, синот Агитин, стана цар, а нашиот господар, Давид за тоа и да не знае?

12 Дојди да те посоветувам како би можела да го спасиш својот живот и животот на својот син Соломон.

13 Ајде, оди кај цар Давида и речи му: ‘Зар ти, господару мој цару, не и се заколна на својата слугинка, велејќи: „Твојот син Соломон ќе царува по мене, и тој ќе седи на мојот престол!” Како сега Адониј стана цар?’

14 И додека ти бидеш таму и разговараш со царот, ќе дојдам јас по тебе и ќе ги потврдам твоите зборови.”

15 Витсавеа отиде кај царот во собите - а тој беше многу стар, и Сунамката Ависага му служеше.