10 Тогаш му даде на царот сто и дваесет златни таланти, многу милномириси и бесцени камења. Никогаш веќе немаше такви мириси какви што царицата од Сава му ги даде на царот Соломон.
11 Па и Хирамовите бродови, кои што донесуваа злато од Офир, пренесоа оттаму многу сандалови (алмук, црвено дрво) дрва и бесцени камења.
12 Царот од сандаловината направи ограда за Господовиот Дом и за царскиот дворец, и псалтири и харфи за пејачите; никогаш веќе не беа префрлени толку сандалови дрва ниту се видени до денес.
13 Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што посака и што побара, а освен тоа царски ја дарува. Потоа таа тргна и со своите слуги се врати во својата земја.
14 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше шест стотини шеесет и шест златни таланти,
15 освен она што доаѓаше од трговците и од продавачите - со мириси, и од сите арабјански цареви и од земните управители.
16 Царот Соломон направи три стотини големи штитови од ковано злато; за секој штит употреби шест стотини златни шекели;