1 Цареви 10:13-19 MKB

13 Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што посака и што побара, а освен тоа царски ја дарува. Потоа таа тргна и со своите слуги се врати во својата земја.

14 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше шест стотини шеесет и шест златни таланти,

15 освен она што доаѓаше од трговците и од продавачите - со мириси, и од сите арабјански цареви и од земните управители.

16 Царот Соломон направи три стотини големи штитови од ковано злато; за секој штит употреби шест стотини златни шекели;

17 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши три мини. Ги стави за чување во куќа наречена Ливанска Куќа.

18 Царот уште направи голем престол од слонови коски и го обложи со чисто злато.

19 Престолот имаше шест лествици, одзади на него имаше телешка глава, а од двете страни на седиштето беа рачки, а покрај рачките стоеја два лава.