14 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше шест стотини шеесет и шест златни таланти,
15 освен она што доаѓаше од трговците и од продавачите - со мириси, и од сите арабјански цареви и од земните управители.
16 Царот Соломон направи три стотини големи штитови од ковано злато; за секој штит употреби шест стотини златни шекели;
17 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши три мини. Ги стави за чување во куќа наречена Ливанска Куќа.
18 Царот уште направи голем престол од слонови коски и го обложи со чисто злато.
19 Престолот имаше шест лествици, одзади на него имаше телешка глава, а од двете страни на седиштето беа рачки, а покрај рачките стоеја два лава.
20 Дванаесет лавови стоеја од обете страни на оние шест лествици. Такво нешто не беше изработено во ниедно царство.