1 Цареви 10:15-21 MKB

15 освен она што доаѓаше од трговците и од продавачите - со мириси, и од сите арабјански цареви и од земните управители.

16 Царот Соломон направи три стотини големи штитови од ковано злато; за секој штит употреби шест стотини златни шекели;

17 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши три мини. Ги стави за чување во куќа наречена Ливанска Куќа.

18 Царот уште направи голем престол од слонови коски и го обложи со чисто злато.

19 Престолот имаше шест лествици, одзади на него имаше телешка глава, а од двете страни на седиштето беа рачки, а покрај рачките стоеја два лава.

20 Дванаесет лавови стоеја од обете страни на оние шест лествици. Такво нешто не беше изработено во ниедно царство.

21 Сите садови од кои што пиеше царот Соломон беа златни, и сите посатки во куќата од Ливанските дрва беа од чисто злато; ништо не беше од сребро, зашто среброто се сметаше за безвредно во Соломоновото време.