1 Цареви 10:2-8 MKB

2 Дојде во Ерусалим со голема придружба, со камили што носеа мириси, со неброено злато и со бесцени камења. Откако дојде кај Соломона, поразговара со него за сè што и беше на срце.

3 Соломон и одговори на сите прашања; не му беше скриено ништо за да не би можел да и одговори.

4 Кога царицата од Сава ја виде Соломоновата мудрост, дворецот што го беше изградил,

5 јадењата на неговиот стол, неговите соби и дворници, отменоста на неговите слуги и на неговите облеки, неговите виноподнесувачи, и палениците кои што ги принесол во Господовиот Дом, и застана здивот.

6 Тогаш му рече на царот: „Вистина беше што чув за тебе во својата земја и за твојата мудрост.

7 Ама не сакав да верувам на тоа што се раскажуваше додека не дојдов и не видов со своите очи; и навистина, ни половината не ми беше кажана: ти ја надвишуваш во мудроста и во благосостојба славата за која што чув.

8 Блазе им на твоите луѓе блазе им на оние твои слуги, кои се непрекинато пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!