1 Цареви 10:23-29 MKB

23 Така царот Соломон ги надмина сите земни цареви со богатство и со мудрост.

24 Сиот свет сакаше да го види Соломона и да ја чуе мудроста што Бог му ја всади во срцето.

25 Секој му донесуваше подарок: сребрени и златни посатки, облеки, оружје, мириси, коњи и мазги, од година во година.

26 Покрај тоа Соломон собра бојни коли и коњаници; имаше илјада и четири стотини бојни коли и дванаесет илјади коњи, и ги распореди по градовите на бојните коли и кај царот во Ерусалим.

27 Соломон направи да има во Ерусалим сребро како камења, а кедри како диви смокви што растат во Сефела.

28 Соломон внесуваше коњи од Мусрија и од Кое: царевите набавувачи ги донесуваа од Кое за одредена цена.

29 Колите ги довезуваа од Египет по шест стотини сребрени шекели; а коњот се плаќаше по сто и педесет. Така преку набавувачите, хетитските и арамејските цареви го добиваа сè тоа.