4 Кога царицата од Сава ја виде Соломоновата мудрост, дворецот што го беше изградил,
5 јадењата на неговиот стол, неговите соби и дворници, отменоста на неговите слуги и на неговите облеки, неговите виноподнесувачи, и палениците кои што ги принесол во Господовиот Дом, и застана здивот.
6 Тогаш му рече на царот: „Вистина беше што чув за тебе во својата земја и за твојата мудрост.
7 Ама не сакав да верувам на тоа што се раскажуваше додека не дојдов и не видов со своите очи; и навистина, ни половината не ми беше кажана: ти ја надвишуваш во мудроста и во благосостојба славата за која што чув.
8 Блазе им на твоите луѓе блазе им на оние твои слуги, кои се непрекинато пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!
9 Нека е благословен Господ, твојот Бог, кому толку му стана мил за да те постави на престолот на Израелците; затоа што Господ секогаш го љуби Израел, те постави за цар за да правиш право и правда.”
10 Тогаш му даде на царот сто и дваесет златни таланти, многу милномириси и бесцени камења. Никогаш веќе немаше такви мириси какви што царицата од Сава му ги даде на царот Соломон.