1 Цареви 14:1-7 MKB

1 Во она време се разболе Авиј, синот Јеровоамов,

2 и Јеровоам и рече на својата жена: „Стани и преоблечи се за да не те препознаат дека си Јеровоамова жена; и оди во Сило. Таму е пророкот Ахиј: оној кој ми прорече дека ќе бидам цар на овој народ.

3 И понеси десет лебови, колачиња и сад со мед и оди кај него! Тој ќе ти каже што ќе биде со детето.”

4 И Јеровоамовата жена направи така: стана, отиде во Сило и влезе во Ахиевата куќа. А тој веќе не гледаше, очите му ослабеа од длабока старост.

5 Но Господ му рече: „Еве доаѓа Јеровоамовата жена за да бара од тебе совет за својот син, зашто е болен; а ти ќе и речеш така и така. Кога ќе влегува, ќе се преправа како да е друга.”

6 Кога Ахиј го чу шумот на нејзините чекори на вратата, и рече: „Влези, Јеровоамова жено! Што се преправаш дека си друга, кога имам тешка вест за тебе?

7 Оди, речи му на Јеровоам: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „Те подигнав од народот и те поставив кнез над Мојот народ Израел,