1 Цареви 14:10-16 MKB

10 Затоа, еве пуштам зло на Јеровоамовата куќа, ќе ги истребам од Јеровоамовата куќа: сè што моча покрај ѕидот, робовите и слободниците во Израел; Јас ќе ја изметам без трага Јеровоамовата куќа како што се мете нечистотата, за да не остане ништо.

11 Оние кои, од Јеровоамовата куќа, ќе умрат во градот, ќе ги изедат кучињата, а оние кои ќе умрат во полето, ќе ги изедат небеските птици.” Така рече Господ.’

12 Ти стани и тргни кон својот дом: туку штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре.

13 Сиот Израел ќе го оплаче и ќе го погребе. Тој единствено, од Јеровоамовата куќа, ќе биде положен во гроб, зашто единствено во него се најде нешто во Јеровоамовиот дом што му се допадна на Господа, Израелевиот Бог.

14 Господ ќе си постави цар над Израел, и тој ќе ја истреби Јеровоамовата куќа. Еве го денот! Што? Дури и мигот!

15 Господ ќе го удри Израел, па ќе се ниша како трска во водата. Ќе го откорне Израел од оваа добра земја, што им ја даде на нивните татковци, и ќе ги расее од онаа страна на Реката, зашто си направија за себе ашери што го расрдуваат Господа.

16 Ќе го отфрли Израел како буниште, заради гревовите што ги направи Јеровоам и на кои го наведуваше Израел.”