1 Цареви 14:12-18 MKB

12 Ти стани и тргни кон својот дом: туку штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре.

13 Сиот Израел ќе го оплаче и ќе го погребе. Тој единствено, од Јеровоамовата куќа, ќе биде положен во гроб, зашто единствено во него се најде нешто во Јеровоамовиот дом што му се допадна на Господа, Израелевиот Бог.

14 Господ ќе си постави цар над Израел, и тој ќе ја истреби Јеровоамовата куќа. Еве го денот! Што? Дури и мигот!

15 Господ ќе го удри Израел, па ќе се ниша како трска во водата. Ќе го откорне Израел од оваа добра земја, што им ја даде на нивните татковци, и ќе ги расее од онаа страна на Реката, зашто си направија за себе ашери што го расрдуваат Господа.

16 Ќе го отфрли Израел како буниште, заради гревовите што ги направи Јеровоам и на кои го наведуваше Израел.”

17 Јеровоамовата жена стана и си отиде. Стигна во Терса, а кога преминуваше преку куќниот праг, детето беше мртво.

18 Го закопаа, и сиот Израел го оплака според зборот што Господ го рече преку Својот слуга пророкот Ахиј.