1 Цареви 14:14-20 MKB

14 Господ ќе си постави цар над Израел, и тој ќе ја истреби Јеровоамовата куќа. Еве го денот! Што? Дури и мигот!

15 Господ ќе го удри Израел, па ќе се ниша како трска во водата. Ќе го откорне Израел од оваа добра земја, што им ја даде на нивните татковци, и ќе ги расее од онаа страна на Реката, зашто си направија за себе ашери што го расрдуваат Господа.

16 Ќе го отфрли Израел како буниште, заради гревовите што ги направи Јеровоам и на кои го наведуваше Израел.”

17 Јеровоамовата жена стана и си отиде. Стигна во Терса, а кога преминуваше преку куќниот праг, детето беше мртво.

18 Го закопаа, и сиот Израел го оплака според зборот што Господ го рече преку Својот слуга пророкот Ахиј.

19 Другите Јеровоамови дела, како војуваше и царуваше, тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

20 Јеровоамовото царување траеше дваесет и две години, потоа Јеровоам почина покрај своите татковци, а неговиот син Надав зацарува место него.